Протестна нота за грчките „дерикожи“
Македонското министерство за надворешни работи утрово и врачи протесна нота на грчката амбасадорка Александра Пападопулу поради неодамнешните скандирања на грчките војници кои за време на парада во Атина извикуваа дека ,,ќе направат облека од кожата на Македонците,, а Албанците ги нарекуваа ,,свињи,,.

Пападопулу скандалот го нарече ,, изолиран инцидент кој не треба да се преувеличува и да се користи за политички цели,,.
,, Инцидентот не ги одразува чувствата и сфаќањето на грчкиот народ,,-изјави грчката Амбасадорка која не го осуди однесувањето на грчката армија. Протесната нота и ја врачи заменик министерот за надворешни работи Зоран Петров откако Владата оцени дека ,,говорот на омраза не води кон градење на добрососедски односи ,, Албанското министерство за надворешни работи веќе упати демарш до грчката Влада да изврши истрага за случајот а до сега беше суспендиран офицерот што ја предводел воената единица за време на парадата. Во синоќешните протести во албанскиот град Бурел беше запалено грчкото знаме во знак на револт поради скандалозните навреди над Албанците од страна на грчката армија.
{loadposition content9}