Skip to main content

општина охрид

Туристичките водичи да се регистрираат во регистарот на општината каде живеат

Туристичките водичи треба да се регистрираат во регистарот кој го води градоначалникот.
 |  инфодеск  | 
Св Кирил и Методиј

Според член 3 став 2 од Законот за туристичка дејност на Република С. Македонија сите физички лица кои вршат туристичка дејност, а во случајов,  туристички водичи и  туристички придружници, имаат законска обврска да се регистрираат во регистарот кој го води градоначалникот на општината во која се водат според адреса на живеење.

-Општина Охрид ги повикува сите погоре споменати даватели на туристички услуги (туристички водич и туристички придружник), да се регистрираат доколку не го сториле тоа претходно и да ја ажурираат својата регистрација доколку во меѓувреме ги обновиле своите легитимации или имаат промени од предходната регистрација, а рокот за регистрирање и ажурирање е до 15.03.2025 година, се вели во соопштението од Општина Охрид

Регистрацијата или ажурирањето може да се извршат секој работен ден во Сектор за ТЛЕР одделение за Туризам при општина Охрид.