Денес прв еко пазар во Охрид
Денес во Охрид ќе се одржи првиот еко пазар организиран од Младински Центар Охрид.

Денес во Охрид ќе се одржи првиот еко пазар организиран од Младински Центар Охрид.
Посетителите ќе имаат можност за продажба и купување од втора рака на стара и зачувана облека, играчки, книги, слики и сл.
Организаторите велат дека оваа акција е од големо значење бидејќи облеката и предметите добиваат продолжен животен циклус, текстилниот и пластичниот отпад ќе се намали, ќе се разбивае стигмата за second-hand облека, заедно ќе поттикнеме солидарност и хуманост, одговорно купување и поддршка на „бавната мода“, како и дружење и размена на идеи.
Настанот е на иницијатива од „Училишта без пластика“, а собраните средства ќе бидат донирани таму каде што ќе е потребно. Акцијата ќе се реализира од 12 до 14 часот во просториите на МЦО.





