Skip to main content

Државата ќе гради комерцијална зграда во Охрид по цена од 1.000 евра за м2

АД за стопанисување со станбен и деловен простор за годинава најави изградба на пет згради со комерцијални станови во Охрид, Битола, Скопје и Штип.
 |  инфодеск  | 

АД за стопанисување со станбен и деловен простор за годинава најави изградба на пет згради со комерцијални станови во Охрид, Битола, Скопје и Штип.

Вицепремиерот Александар Николоски потенцираше дека сегашната цена е превисока за животниот стандард на граѓаните и затоа државата ќе се обидува да интервенира преку изградба на комерцијални станови. Во јануари Владата на седница усвои одлука дека 65 стана ќе се продаваат по 1.000 евра за квадратен метар, 11 дуќани по 2.000 евра за квадратен метар и 71 паркинг место по 500 евра за квадрат.

„Моментaлно цената на комерцијaлни станови во неколку градови галопира, во Битола направивме интервенција и од понеделник почнуваме со продaжба на станови по 1000 евра за метар квадратен за стан, по 500 евра метар квадратен за гаража што е далеку пониска цена отколку што сега е во Битола. Во Скопје ќе почнеме 4 згради да работиме, во Охрид имаме активен повик за една, во Штип бараме локација, така што во овие четири места каде цената најмногу галопира, ќе се обидеме со наша интервенција цените на пазарот да ги намалиме. Сегашните цени на ниеден начин не одговараат на нашиот стандард, младите брачни двојки едноставно не можат сопствен дом да најдат, а по цена од 2500-3000 евра за квадрат никој не може со овој стандард да купи стан. Дополнително работиме на 5 социјални згради низ државата“, објасни Николоски.

На терен во тек е изградба на 574 станови во седум општини. Во Пробиштип се градат 48 станови, во Неготино 62, Виница 36, Свети Николе 48, Бутел 312, Демир Капија 16, а во Гевгелија 52 станови.