Skip to main content

УХМР

УХМР: Наутро студено, преку денот променливо облачно со сончеви периоди

Температурите во Охрид од -3 до 4 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 

Наутро студено, преку денот променливо облачно со сончеви периоди, повеќе во источните делови. Во југозападните претежно планински региони од пладневните часови ќе има услови за провејување на слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Температурите во Охрид од -3 до 4 степени Целзиусови.

Од УХМР информираат дека утре најпрвин во планинските региони, потоа преку ноќта и во четврток ќе има повремени локални врнежи претежно од снег, а на пониските места од повремен дожд и снег. Постојната снежна покривка особено во западниот дел ќе се прошири понекаде и на повисоките места.