Каде исчезнуваат децата?
Три деца исчезнаа за десет дена, од нив нема ни трага ни глас. Откако исчезна Ангела Ѓорѓиоска, оваа појава зачести, посебно во последниве месеци. Оваа несекојдневна несоциолошка појава во земјава потсетува на раните 90-ти години од минатиот век, кога се случија низа исчезнувања на деца за кои се уште не се знае дали се живи и здрави.
| | Македонија
лулашка
Три деца исчезнаа за десет дена, од нив нема ни трага ни глас. Откако исчезна Ангела Ѓорѓиоска, оваа појава зачести, посебно во последниве месеци. Оваа несекојдневна несоциолошка појава во земјава потсетува на раните 90-ти години од минатиот век, кога се случија низа исчезнувања на деца за кои се уште не се знае дали се живи и здрави. Според анализите, од самостојноста на земјата мистериозно се исчезнати дваесетина деца, а никој, па дури ни полицијата, не знае каде се.
Се почна пред две недели кога седумгодишниот Мидат Ибраими мистериозно исчезна од скопското село Средно Коњаре, а 10 дена потоа од пред својот дом го снема и четиригодишниот Дани Мемеди од кумановската населба Средорек. И за двајцата некои претпоставуваат дека се загубиле во надојдените води на реките, кои се наоѓаат во близина на местата каде што живеат. За Ибраими некои велат дека, можеби, паднал во реката Пчиња, но има и такви што тврдат дека тој е грабнат од двајца сомнителни и непознати мажи, кои со жолт автомобил на денот на исчезнувањето на детето неколкупати поминале низ селото Средно Коњаре. Полицијата се уште ги испитува можностите, но и по 10 дена нема одговор, ниту, пак, индиција што се случило со момчето. Истрагата истиот одговор го има и за четиригодишниот Мемеди, кој исчезнал во петокот, а дел од неговото семејство се сомнева дека, можеби, се удавил во надојдената Кумановска Река.
По ваквите зачестени мистериозни исчезнувања на деца помали од 14 години се отвора прашањето дали во Македонија, навистина, постои организиран криминал со грабнување деца и нивно малтретирање или, пак, станува збор за случајност.
Според стручњаците, уште на почетокот не смее да се отфрли ниту едно сомнение и истражните органи треба до крај да истражуваат, се додека не се дојде до докази.
Поранешниот министер за внатрешни работи Павле Трајанов вели дека во соседна Грција, на пример, може секаде да се видат постери дека се бара исчезнато дете. Таму најчесто грабнуваат деца заради задоволување сексуални нагони.
– Освен родителската негрижа, со отворањето на границите, во земјите во регионот, но можеби и кај нас, „шетаат“ лица со чудни склоности – вели Трајанов. И социолозите потврдуваат дека е можно постоење на ваков вид криминал ако се имаат предвид лошите услови во кои живеат многу семејства, посебно од руралните и во приградските средини, кои би можело да претставуваат потенцијални жртви на оваа појава.
– Тие што грабнуваат деца се луѓе со длабоко оштетување на личноста. Најчесто се психопати кај кои постои вродено оштетување, кое е доживотно и за кои не постои корекција. Самата идеја за киднапирањето е болна. Кај нормалната личност постои совест, а кај психопатите не постои совест и по извршување, на пример, на убиство на дете тој само подлабоко влегува во тоа – вели социологот Јовановска – Стојановска.
Од 1987 година до денес има околу 20 случаи за кои јавно се проговорило дека станува збор за мистериозно исчезнување, а децата не се најдени. Првото познато исчезнување за кое јавноста дозна е од април 1987 година, кога среде бел ден во близина на скопскиот Олимписки базен, мистериозно исчезна петгодишниот Амет Алкан. Детето со кое бил Амет подоцна е најдено живо, а за него и денес не се знае дали е жив и каде е. Една година подоцна, во магливата есен, на улицата Илинденска во Скопје исчезна младата Билјана Србиновска, откако се враќала од тренинг во КУД „Танец“. По неа полицијата трагаше и под дрво и под камен. Најлошите мисли на родителите и на истражителите се покажаа како вистина неколку месеци подоцна, кога во напуштен бунар во село на Скопска Црна Гора беше најдено телото на малата Билјана, која беше сексуално малтретирана, ама никогаш не се дозна кој го направил тоа. Архивата на полицијата уште е отворена и за случаите со две деца што исчезнаа и им нема трага. Потрагата уште трае и по малата Љунтурије Исени од скопско Трубарево, која исчезна во ноември 2000 година, кога имала пет години. Уште е исчезнат и Сунај Шакири од Крушопек, Скопско, од кого нема ни трага ни глас од март 2002 година. Тој последен пат е виден како игра покрај реката Вардар.
{loadposition content9}