Во вчерашната сообраќајка кај „Мислешески пат“ се повредени тројца полициски службеници и 30-годишна жена
На 10-ти февруари 2025 година, околу 17:20 часот во Полициската станица во Струга било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Струга, кај крстосницата од улицата „Мислешески пат“ и улицата „Едвард Кардељ“ во Струга, се случила сообраќајна несреќа во која се повредени четири лица.
– Незгодата се случила помеѓу патничко возило марка „Опел“ со струшки регистарски ознаки, управувано од страна на 51-годишно лице од Струга и патничко возило марак „Форд Фокус“ со скопски регистарски ознаки, управувано од страна на 28-годишно лице од Скопје, сопственост на МВР. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатничката, 30-годишна жена од кумановското село Младо Нагоричане, (двајцата полициски службеници) констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид, додека со телесни повреди се здобил уште еден полициски службеник, 27-годишно лице од Скопје и возачот, констатирани во Општата болница во Струга. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга, информираат од МВР.