Skip to main content

Ќе се реконструира болницата ,,Св. Еразмо”

На вчерашната седница на Владата се донесе одлука за реконструкција и изградба на болницата ,,Св. Еразмо ” – Костозголбна во Охрид.
 |  инфодеск  | 

На вчерашната седница на Владата се донесе одлука за реконструкција и изградба на болницата ,,Св. Еразмо ” – Костозголбна во Охрид. – Со одлуката предвидени се 2 милиони евра за оваа намена и со ова исполнуваме уште едно ветување – информираше на социјалните мрежи вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски.

-Св.Еразмо – специјална болница за ортопедија и траумотологија е од огромно значење за жителите на општините Охрид, Струга, Вевчани, Дебар, Ресен, а се вршат и посложени медицински операции за жителите од цела Македонија. Продолжуваме посветено во сите сегменти и продолжуваме со уште поголеми проекти – напиша Николоски.