Skip to main content

Пецаков: Во тек се градежни активности за асфалтирање на улица во Подмоље

Градоначалникот Кирил Пецаков информира дека во тек се градежни активности за асфалтирање на улица во село Подмоље во должина од 380 метри и ширина од 3 метри.
 |  инфодеск  | 

Градоначалникот Кирил Пецаков информира дека во тек се градежни активности за асфалтирање на улица во село Подмоље во должина од 380 метри и ширина од 3 метри.

Вкупната вредност на проектот е 2.416.000 денари, а средствата се обезбедени преку Јавниот повик за финанасирање на инфраструктурни проекти од Министерството за локална самоуправа.

-Подобрување на условите за живеење во сите урбани и рурални средини во Општина Охрид е наш приоритет и во текот на наредниот период ќе продолжиме да реализираме низа проекти во комуналната сфера, кои се во интерес на граѓаните, се додава во неговото соопштение.