Изложба посветена на браќата Манаки во Франција
Со изложбата фотографии посветена на браќата Милтон и Јанаки Манаки во Музејот на Нормандија во Каен, Долна Нормандија, во петок навечер, 2 април, официјално ќе биде отворено шестото издание на манифестацијата „Балканска пролет“ кое годинава е посветено на македонската култура.
| Маја Савиќ | Македонија
манаки
Програмата на манифестацијата претставува синтеза на различни делови од богатата македонска култура и е конципирана како спој на традиционалното творештво на Република Македонија и на урбаната македонска култура.
Македонската традиционална музика ќе биде претставена преку изведбите на групата „Љубојна“, етно-составот „Баклава“ и на Стефче Стојковски со триото „Гавроски“. Предвидени се и настапи на Женскиот младински хор при Младинскиот културен центар предводен од диригентот Сашо Татарчевски, како и концерт на „Проект жлуст“.
Македонската етнолошка традиција ќе биде презентирана преку изложбите на фотографии посветени на Јуруците во Македонија, во организација на Македонскиот центар за фотографија, и на народни носии и накит од Македонија, во организација на Заводот и музеј од Битола. Предвидено е и претставување на фотографии на реномираниот режисер Милчо Манчевски.
На манифестацијата ќе бидат организирани и литературни средби на македонските еминентни писатели, односно поети: Луан Старова, Данило Коцевски и Никола Маџиров со нивни колеги од Нормандија и од другите балкански земји кои веќе биле претставени на претходните изданија на „Балканска пролет“. Во Долна Нормандија, исто така, ќе биде прикажан и филмот на Теона Митевска „Како убив светец“.
На 28 април, во Каен, Камерниот оркестар на Македонската филхармонија ќе одржи концерт на кој ќе присуствува и министерот за култура Елизабета Канческа-Милевска во рамките на официјалната посета на Франција, при што на 27 април во Париз ќе има билатерална средба со министерот за култура и комуникации на Франција, Фредерик Митеран.
Презентирањето на македонската култура во Долна Нормандија, кое ќе трае до 28 мај, претставува мошне значаен настан, не само поради промоцијата на македонските уметници и автори туку и поради влијанието на оваа манифестација како афирматор на различноста на културите што го сочинуваат големото европско семејство на народите.
Организатор на манифестацијата е асоцијацијата „Балкан транзит“ од Долна Нормандија, а досега биле претставени културите на Босна и Херцеговина, Албанија, Грција, Бугарија и на Романија.
{loadposition content9}