Skip to main content

УХМР

УХМР: Променливо облачно со повремени врнежи

Во Охрид температурите ќе бидат во интервал од 3 до 8 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 

Променливо облачно со повремени врнежи, на планините и на некои повисоки места од снег, а во пониските од дожд кој повремено ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен, уште од претпладне, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Слаб снег ќе има и преку ноќта понекаде во планинските региони.  Од вторник облачноста ќе се намалува, а од среда времето ќе биде претежно сончево со ниски утрински температури, информираат од УХМР.

Во Охрид температурите ќе бидат во интервал од 3 до 8 степени Целзиусови.