Skip to main content

Шаховски клуб „Ласкер“ – Охрид

Одржано четвртото издание на Рапид турнир во шах „Езерски Бисер 2025“

Шаховскиот клуб „Ласкер“ со поддршка на Општина Охрид во ООУ „Братство Единство“, вчера го организираа четвртиот рапид турнир во шах „Езерски бисери 2025”. Натпреварот се одвиваше по Швајцарски систем во 9 кола, а учество зедоа 55 шахисти од Македонија.
 |  инфодеск  | 

Најдобро пласирана шахистка беше Елена Лушеска од ШК „Ласкер“ Охрид, најдобро пласиран млад шахист беше Димитар Симоноски од ШК „Шах Шех“ Битола, а титулата за најдобро пласиран шахист во категорија 60+ ја освои Шкриељ Зеца ШК „Прилеп“ Прилеп.

Прво место, златен медал и сувенирот, бисерна кралица, го освои Дејан Ѓорѓиески од ШК „Пелагон“ Прилеп со освоени 7 поени и најдобар Бухолц, сребрен медал за Иван Петровски од ШК „Шах Шех“ Битола со 7 поени и послаб Бухолц од прво пласираниот шахист, бронзен медал за Кире Николоски од ШК „Прилеп“ Прилеп со 7 поени и најслаб Бухолц, четврто место за Андреј Неделковски од  ШК „Шах Шех“ Битола со 6,5 поени и пето место за Алекс Насков ШК „Штајниц“ Битола со 6,5 поени и послаб Бухолц од четвртопласираниот шахист.

Организаторите упатуваат благодарност до Општина Охрид, Зегин, Хотел Су, Ooo design -print studio и ООУ Братство Единство Охрид.