Skip to main content

Црвен крст Охрид

Клубот на млади од Црвен крст Охрид организираше работилница на тема: „Како полесно да донесам одлука за на факултет“

Клубот на млади при Црвен крст Охрид, овој викенд организираше многу интересна и корисна работилница за младите на тема кариерно советување насловена „Како полесно да донесам одлука за на факултет“.
 |  инфодеск  | 

Клубот на млади при Црвен крст Охрид, овој викенд организираше многу интересна и корисна работилница за младите на тема кариерно советување насловена „Како полесно да донесам одлука за на факултет“.

На оваа работилница присуствуваа 23 млади, а истата беше одржана од страна на Борче Исакоски – поранешен Лидер на Клуб на млади, а присутните ги идентификуваа своите професионални интереси, вештини и можности, со цел да донесат информирани одлуки за својата кариера.

– На истата тема продолжуваме да дискутираме заедно со Марија Коваческа – лиценциран кариерен советник на 19.02.2025 (среда) и 26.02.2025(среда) во просториите на Црвен крст Охрид со почеток од 20:00 часот, велат од Црвен крст Охрид.