Skip to main content

УХМР

УХМР: Следува период на стабилно и студено време

Во Охрид денес температурите од -3 до 4 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 

Утрото променливо облачно и студено, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, наместа долж Повардарието со брзина над 60 km/h.

Во Охрид денес температурите од -3 до 4 степени Целзиусови.

Од УХМР информираат дека следува период на стабилно и студено време со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни, а наместа ќе се спуштат и под -10 степени.