Skip to main content

Н.У Библиотека Григор Прличев

Охридската библиотека ќе го збогати својот фонд со помош на читателите

Предлозите до средината на идниот месец ги очекуваат на е-маил адресата biblioteka_ohrid@yahoo.com, како и на официјалната Фејсбук страница.
 |  инфодеск  | 

НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид континуирано го збогатува својот книжен фонд преку набавка на актуелна литература од македонски издавачи, а со годишната програма за работа финансирана од Министерството за култура и туризам за оваа 2025 година на располагање ќе има 450 000 денари за набавка на нови наслови од сите области.

-Ви оставаме простор почитувани читатели и вие да се вклучите со ваши предлози на наслови кои сакате да ги набавиме поради нивната актуелност и квалитетна содржина, а ние според нашите можности ќе се обидеме да ги набавиме, се вели во соопштението од библиотеката.

Посочуваат дека предлозите до средината на идниот месец ги очекуваат на е-маил адресата biblioteka_ohrid@yahoo.com, како и на официјалната Фејсбук и фан страница.

Од библиотеката потсетуваат дека во текот на минатата 2024 година нивниот книжен фонд за деца и возрасни беше збогатен со 1021 наслови со вкупно 1957 примероци, а во оваа бројка се вклучени и бројните наслови кои се подарок за библиотеката.