Денес утрото ќе биде многу студено, а преку денот сончево. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер.
Утре, сабота ќе се задржи претежно сончево време, наутро студено со многу ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни и наместа ќе се спуштат и под -10 степени. Од недела следува период на променливо облачно време со појава на магла и ниска облачност по котлините, а од понеделник ќе има услови за слаби локални врнежи претежно од дожд, информираат од УХМР.
Минималните температури во Охрид од -6, а максималните до 5 степени Целзиусови.