Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот учествува на Меѓународниот саем за туризам во Белград
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот е учесник на 46-от Меѓународен саем за туризам ”SAJAM TURIZMA” во Белград, кој се одржува од 20-23 февруари.

Од АППТ информираат дека македонските туристички потенцијали се промовираат на репрезентативен штанд на кој учество земаа општините Гевгелија, Дојран, Охрид и Струга, хотел Тино и Армада од Охрид.
-Во однос на транзитниот туризам со оглед на фактот дека Србите патуваат и во соседна Грција, македонскиот туристички сектор ја збогатува понудата за да останат ден повеќе во Македонија. Забележана е зголемена посета на винариите во винскиот регион, Дојран, Гевгелија и културните знаменитости по Е75, се вели во соопштението.

Секоја година, ”SAJAM TURIZMA” е домаќин на повеќе од 400 изложувачи, од над 27 земји, како и над 8.000 професионалци од туристичката индустрија , 50.000 посетители и гости.