Утре, сабота 22. февруари од 14 до 16 часот во пливачкиот базен Струга ќе се одржи ревијален ватерполо натпревар.
Од управата на базенот информираат дека целта на овој натпревар е испраќање порака до сите дека по долги години повторно се обезбедени услови за работа и практикување на овој спорт.
Воедно ги известуваат сите што ги користат услугите на пливачкиот базен дека терминот од 14 до 16 часот во сабота на 22.02. ќе биде резервиран за ревијалниот ватерполо натпревар.