Skip to main content

општина охрид

Во петок ќе се одржи 53. седница на Советот на Општина Охрид

Свикана е 53. седница на Советот на Општина Охрид за 28.2.2025 година (петок) со почеток во 09:00 часот.
 |  инфодеск  | 
Општина Охрид

Свикана е 53. седница на Советот на Општина Охрид за 28.2.2025 година (петок) со почеток во 09:00 часот. За седницата е предложен следниот дневен ред:

Усвојување на Записникот од 52-та седница

1. Предлог-одлука за давање согласност на одлуката за утврдување вредност на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈП „Нискоградба Охрид“ – Охрид со статус на административни службеници за 2025 година.

2. Предлог-одлука за разрешување и именување член во Училишниот одбор на ООУ „Григор Прличев“ – Охрид.

3. Предлог-одлука за разрешување и именување член во Училишниот одбор на ООУ „Христо Узунов“ – Охрид.

4. Предлог-одлука за разрешување и именување член во Училишниот одбор на ООУ „Св.Климент Охридски“ – Охрид.

5. Предлог-одлукa за разрешување и именување член во Училишниот Одбор на ООУ „Братство- единство“ – Охрид.

6. Предлог-одлука за разрешување и именување член во Училишниот одбор на ООУ „Кочо Рацин“ – Охрид.

7. Предлог-одлука за разрешување и именување член во Училишниот одбор на ООУ „Ванчо Николески“ с.Лескоец.

8. Предлог-одлука за разрешување и именување член во Училишниот одбор на ООУ „Живко Чинго“ с.Велгошти.

9. Предлог-одлукa за разрешување и именување член во Училишниот одбор на ООМУ „Методи Патче“ – Oхрид.

10. Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализирани активности по однос на мерките предвидени во Планот за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух во општина Охрид за период 2023 – 2027 година.

11. Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за извршениот годишен попис во Општина Охрид со состојба на 31.12.2024 година.

12. Предлог-програма за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести за 2025 година.

13. Предлог-програма за измени и дополнувања на програмата за уредување на градежно земјиште во 2025 година.

14. Предлог-програма за измени и дополнувања на годишната програма за спорт и рекреација за 2025 година.

15. Предлог-програма за измени и дополнувања на програмата за активностите на општина Охрид во областа на основното образование за 2025 година.

16. Предлог-програма за измени и дополнувања на развојната програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на основното образование 2025-2027 година.

17. Предлог-одлука за измена на распоредот на средствата во буџетот на општина Охрид за 2025 година.

18. Предлог-одлука за проширување на средствата во буџетот на општина Охрид за 2025 година.

19. Предлог-одлука за пребивање на побарување на доверителот – Општина Охрид во постапка И.бр.378/2024.

20. Предлог-одлука за давање во закуп на недвижен имот.

21. Предлог-одлука за давање на времено користење недвижен имот-деловен простор (Кп.бр.8190 КО Охрид 1).

22. Предлог-одлука за пренесување на правото на користење на патничко моторно возило-комби со намена за превоз на лица со попреченост.

23. Предлог-одлука за техничка исправка во Одлуката за измена на Одлуката за начинот и постапката на регулирање на паркирањето во рамките на градежната парцела со употреба на механизирани паркинг системи.

24. Предлог-одлука за определување крајбрежен појас на водотек река Даљан опфатена со измена и дополнување на ГУП за УЗ 4 УБ 4.4 и изработка на ДУП за УЗ 4.4 опфат 1.

25. Предлог-одлука за донесување Урбанистички проект со план за парцелација за градежна парцела ГП 7.1.146 формирана во ДУП за УЗ 7 УБ 7.1 – Општина Охрид и во УППП со број на постапка во систем е-урбанизам 61118.