Skip to main content

Црвен Крст Охрид обезбедува бесплатна лична асистенција на лица со попреченост

Целта на оваа услуга е да се овозможи подобар квалитет на живот за лицата со попречености, преку индивидуализиран пристап кој обезбедува поддршка во секојдневните активности, како и промовирање на социјална инклузија и самостојност на корисниците.
 |  инфодеск  | 

Црвен Крст Охрид, и оваа година продолжува со обезбедување на бесплатна социјална услуга лична асистенција на лица со попреченост.

Оваа значајна услуга се реализира благодарение на поддршката од Министерството за социјална политика, демографија и млади на Р.С.М.

Целта на оваа услуга е да се овозможи подобар квалитет на живот за лицата со попречености, преку индивидуализиран пристап кој обезбедува поддршка во секојдневните активности, како и промовирање на социјална инклузија и самостојност на корисниците. Со имплементација на оваа услуга, Црвен Крст Охрид продолжува да придонесува за еднакви можности за сите граѓани на Охрид и Дебрца, создавајќи услови за повисоко ниво на социјално учество и интеграција на лицата со попречености во заедницата, а тоа се:

  • создавање услови за повисоко ниво на социјално учество на лицата со попречености (социјална интеграција и инклузија)
  • спречување на институционализација
  • подобрување на квалитетот на живот на лицата со попречености

Што е личната асистенција и како работи Црвен Крст Охрид:

  1. Во однос на возраста:
  • лична асистенција за деца
  • лична асистенција за возрасни
  • лична асистенција на стари лица
  1. Во однос на местото:
  • лична асистенција дома
  • лична асистенција во установа за социјална заштита
  • лична асистенција на училиште
  • лична асистенција на работа
  • лична асистенција во здравствени установи
  • лична асистенција во јавните служби и сл.
  1. Во однос на видот на попреченост:
  • лична асистенција за лица со моторни нарушувања (тешка и најтешка телесна попреченост)
  • лична асистенција за слепи лица
  1. Во однос на содржината на активностите:
  • физичка поддршка и помош
  • когнитивна поддршка и помош
  • психосоцијална поддршка и помош
  1. Во однос на времето на спроведување на активностите:
  • секојдневна поддршка и помош
  • повремена поддршка и помош
  • привремена поддршка и помош
  1. Нашите принципи за лична асистенција:
  • сеопфатност
  • навременост
  • континуитет
  • тимска работа
  1. Фази на лична асистенција:
  • запознавање на личниот асистент со конкретната задача
  • запознавање на личниот асистент и корисникот на услугата
  • договарање за времето и динамиката на давањето услугата
  • развој на доверливи односи
  • психосоцијална поддршка и лична помош
  • евалуација на квалитетот на дадената услуга
  1. Пристапи во работата:
  • индивидуален
  • прогресивен
  • активен
  • користење на преостанатите способности
  1. Ниво на помош:
  • специфична помош
  • поддршка (помош)
  • набљудување (надзор)
  1. Воспоставување на услугата со учество на корисници на услугата лична асистенција:
  • дефинирање на потреби на корисникот
  • избор на услуги и одредување на време и место на користење на услугата
  • избор на личен асистент
  • учество во подготовка на протоколи и работни листи (договорни услуги)
  • проценка на задоволство од добиената услуга
  1. Личната асистенција ја обезбедува личен асистент – специјално обучено лице, кој поседува соодветни знаења, вештини и техники.