ЈП Градски Пазар Охрид
Градски Пазар издава слободни тезги под закуп
Јавното претпријатие Градски Пазар информира дека издава слободни тезги под закуп.

Јавното претпријатие Градски Пазар информира дека издава слободни тезги под закуп. Тие располагаат со околу 150 тезги за закуп на земјоделски производи, од кои 80% се издадени на годишно ниво.
-Пазарот во секое време располага со слободни тезги, условите се добри,па сите заинтересирани можат да се обратат во административната служба на Градски Пазар за подетални информации, информираат од јавното претпријатие.




