Skip to main content

УХМР

УХМР: Променливо облачно со сончеви периоди

Денешните температури во Охрид ќе бидат во интервал од 4 до 10 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 

Променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Следува период на променливо облачно време со услови за појава на утринска магла по котлините. Локални врнежи од дожд ќе има од утре, а поради продор на постудена воздушна маса од север во недела на планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег.

Денешните температури во Охрид ќе бидат во интервал од 4 до 10 степени Целзиусови.