Skip to main content

Во петок ќе бидат одбележани 150 години од раѓањето на Кирил Прличев

Кирил Прличев е македонски патриот, револуционер, журналист, идеолог, интелектуалец.
 |  инфодеск  | 

Во петок, 28.02.2025 година, во Спомен куќата на Христо Узунов со почеток во 12:30 ќе бидат одбележани 150 години од раѓањето на Кирил Прличев.

Кирил Прличев е македонски патриот, револуционер, журналист, идеолог, интелектуалец. Во Софија го формира Македонскиот научен институт, бил директор на Охридскиот музеј и заедно со археологот Димче Коцо ги откриваат моштите и гробот на Св Климент Охридски на Плаошник. Револуционерно е поврзан од почетокот на Македонското револуционерно дело. Огненото крштевање во Македонската револуционерна организација го има од Гоце Делчев и Дамјан Груев. Учествувал во Мелничкото востание како водечки идеал му е слободна и автономна Македонија. Кирил Прличев умира во 1944 година во Охрид каде што е погребан во црковниот комплекс на црквата Св. Богородица Перивлепта заедно со неговиот татко Григор Прличев

-Делото на Кирил Прличев остави вечна трага во светот на книжевноста и е важен дел од македонската култура. Да продолжиме да го чуваме неговиот спомен и достојно да го чествуваме неговото име!, вели градоначалникот на Општина Охрид во неговата објава.