Skip to main content

општина охрид

Јавен увид за национална стратегија за управување со тиња и извештај за стратегиска оцена

Јавен увид за национална стратегија за управување со тиња и извештај за стратегиска оцена.
 |  инфодеск  | 

Општина Охрид информира дека согласно обврските дадени во член 65 од Законот за животна средина и донесената Одлука за спроведување на стратегиска оцена на животната средина (11-7663/1 од 10.12.2024 год), Управата за животна средина при МЖСПП, подготви нацрт извештај за стратегиска оцена на животна средина (СОЖС) за планскиот документ нацрт Национална стратегија за управување со тиња (НСУТ) за период 2024 – 2034. 

Нацрт СОЖС и НСУТ се достапни за јавен увид на интернет страната на МЖСПП и на линкот.

Во текот на перидот за јавен увид, предвидени е  јавна презентација и расправа во

    • Охрид, 10.03.2025, во 12.00 – 14.00 часот, во малата сала

Сите коментари може да се достават на следниот начин:

  • електронски на следните адреси: a.mazneva@moepp.gov.mk и m.mihajlov@maneko.com.mk,
  • по пошта на следната адреса: Плоштад Пресвета Богородица бр. 3, Скопје, (со назнака до Сектор отпад).