Tеатарската претстава „Кумови” утре повторно пред охриѓани
Во претставата играат Адријана Билаловиќ Тодороска, Никола Тодороски, Елизабета Стефановска Јандреовска, Стрезо Стаматовски и Ивица Цонев.
Tеатарската претстава “Кумови” од Душан Ковачевиќ, а во режија на Билге Емин, утре петок, 28 февруари, со почеток во 20.00 часот повторно ќе биде изведена во Центарот за култура „Григор Прлилев“.
Во претставата играат Адријана Билаловиќ Тодороска, Никола Тодороски, Елизабета Стефановска Јандреовска, Стрезо Стаматовски и Ивица Цонев.
Карти во продажба на билетара при Центарот за култура по цена од 300 денари. Билетарата работи секој работен ден од 10.00-17.00 часот и 13:00-20:00 часот на денот на изведба на претставата.