Skip to main content

Продолжува трендот на негативен природен прираст на населението во Охрид

Продолжува трендот на негативен природен прираст на населението во Охрид и на ниво на државата. Според податоците на Државниот завод за статситика, бројот на склучени бракови во последното тромесечие лани бележи намалување, додека разводите бележат зголемување споредено со 2023 година.
 |  инфодеск  | 
sleeping baby on white textile

Бројот на живородените деца во Охрид во четвртото тримесечје од 2024 година е 11. Бројот на умрените лица е 167. Природниот прираст е негативен и изнесува -56, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица. Во статистичкиот период во Охрид се склучиле 56 бракови, а имало 14 разводи.

Во Струга во четвртото тримесечје од 2024 година има позитивен природен прираст на населението. Бројот на живородените деца е 119 , починале 115 лица, што значи дека 4 лица е поголем бројот на живородените деца од бројот на умрените лица. Во последното тромесечје од минатата година биле склучени 75 бракови, а имало 12 разводи.

На ниво на државата се бележи негативен природен прираст односно за 1 206 лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.

Бројот на живородените деца во четвртото тримесечје од 2024 година, во споредба со истиот период од 2023 година, е намален за 4.2 % и изнесува 3 968 живородени деца.

Намален е и бројот на склучените бракови во четвртото тримесечје од минатата година за 14.7 % во споредба со истиот период од 2023 година и изнесува 2 430 бракови. Во ова тримесечје од 2024 година е регистриран 601 разведен брак, што претставува зголемување од 23.9 % во споредба со истиот период од 2023 година.