Срцево-садовите заболувања се водечка причина за смртност во светот. Статистичките податоци од Институтот за јавно здравје, покажуваат дека во земјава повеќе од 57% од смртните случаи се последица на срцево-садовите заболувања.
Особено загрижува тоа што се почесто заболуваат лица помлади од 60 години возраст, односно лица во најпродуктивниот период од животот. Токму затоа Црвениот крст со низа активности и предавања ја одбележува неделата за борба против срцево задови заболувања.
„ Фрапантни се бројките дури две третини од сите смртни случаи да припаѓаат на кардиоваскуларни заболувања. Тоа најверојанто се должи на не би сакал да речам ниската едуакција туку ниската превентивна свест. Ние како население се појавуваме на лекар дури тогаш кога ќе имаме проблем а не претходно за да видиме барем еднаш годишно да се направи крвна слика, да се зимери крвен притисок да се следат параметрите.“ – вели д-р Георги Ставрески.
Дебелината, неправилна исхрана, пушење и физичка неактивност се главните причини за болестите на срцето и мозочните удари кои можат да се забележат во се помлада возраст. Таквите нездрави навики и животен стил се се’ почести меѓу децата и адолесцентите.
„ Ризик факторите за жал се присутни, физичка неактивност, пушење цигари, локшата исхрана богата со масти секако допринесува. Покрај генетскиот фактор овие фактори на кој што можеме да влијаеме ни недостасуваат. Со зголемување на возраста расте ризик факторот но болестите не бираат возраст па еден апел да се практикува физичка активност, да се конзумира поздрава храна.“ – додава д-р Ставрески.
Според податоците на Светската здравствена организација, секоја година од срцево-садовите заболувања во светот умираат 17,5 милиони луѓе, од кои 7,3 милиони од коронарна срцева болест, а 6,2 милиони од инфаркт