Утре на Градскиот плоштад во Охрид со почеток во 12:00 часот ќе се одржи настанот „Гушни за ретки“ во организација на Здружението за ретки болести „Ретко е да си редок“ од Охрид. Настанот е организиран на иницијатива на Хрватскиот сојуз за ретки болести, поддржан од националните алијанси и здруженија за ретки болести на Балканот.
-Целта на настанот е да покажеме колку е важна секоја прегратка – симбол на единство, разбирање и поддршка за лицата кои живеат со ретки болести. На овој начин сакаме да ги охрабриме оние кои се соочуваат со овие предизвици да знаат дека не се сами, вели претседателката на Здружението, Гордана Лолеска.
Настанот е поддржан и од Црвен крст Охрид, Ученичките и Младинските заедници на средните училишта во Охрид, кои активно се вклучуваат во подигнувањето на свеста за ретките болести.