Skip to main content

УХМР

Променливо облачно со максимални 12 степени Целзиусови

Денешните температури во Охрид ќе бидат во интервал од 4 до 12 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 

Променливо облачно, претпладне по котлините со појава на магла и ниска облачност. Попладне и кон крајот на денот ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.

За време на викендот врнежите наместа ќе имаат повремено пороен карактер. Во недела и ноќта кон понеделник на планините и на некои повисоки места претежно во северните и североисточните делови врнежите ќе бидат повремено од снег.

Денешните температури во Охрид ќе бидат во интервал од 4 до 12 степени Целзиусови.