Советниците во Општина Охрид денес во 9 часот ќе ја одржат 53. седница, а советниците во Општина Дебрца ќе ја одржат 43. која ќе започне во 10 часот.
Во Советот на Општина Охрид ќе се дебатира за следниот дневен ред:
Усвојување на Записникот од 52-та седница
- Предлог-одлука за давање согласност на одлуката за утврдување вредност на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈП „Нискоградба Охрид“ – Охрид со статус на административни службеници за 2025 година.
- Предлог-одлука за разрешување и именување член во Училишниот одбор на ООУ „Григор Прличев“ – Охрид.
- Предлог-одлука за разрешување и именување член во Училишниот одбор на ООУ „Христо Узунов“ – Охрид.
- Предлог-одлука за разрешување и именување член во Училишниот одбор на ООУ „Св.Климент Охридски“ – Охрид.
- Предлог-одлукa за разрешување и именување член во Училишниот Одбор на ООУ „Братство- единство“ – Охрид.
- Предлог-одлука за разрешување и именување член во Училишниот одбор на ООУ „Кочо Рацин“ – Охрид.
- Предлог-одлука за разрешување и именување член во Училишниот одбор на ООУ „Ванчо Николески“ с.Лескоец.
- Предлог-одлука за разрешување и именување член во Училишниот одбор на ООУ „Живко Чинго“ с.Велгошти.
- Предлог-одлукa за разрешување и именување член во Училишниот одбор на ООМУ „Методи Патче“ – Oхрид.
- Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализирани активности по однос на мерките предвидени во Планот за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух во општина Охрид за период 2023 – 2027 година.
- Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за извршениот годишен попис во Општина Охрид со состојба на 31.12.2024 година.
- Предлог-програма за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести за 2025 година.
- Предлог-програма за измени и дополнувања на програмата за уредување на градежно земјиште во 2025 година.
- Предлог-програма за измени и дополнувања на годишната програма за спорт и рекреација за 2025 година.
- Предлог-програма за измени и дополнувања на програмата за активностите на општина Охрид во областа на основното образование за 2025 година.
- Предлог-програма за измени и дополнувања на развојната програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на основното образование 2025-2027 година.
- Предлог-одлука за измена на распоредот на средствата во буџетот на општина Охрид за 2025 година.
- Предлог-одлука за проширување на средствата во буџетот на општина Охрид за 2025 година.
- Предлог-одлука за пребивање на побарување на доверителот – Општина Охрид во постапка И.бр.378/2024.
- Предлог-одлука за давање во закуп на недвижен имот.
- Предлог-одлука за давање на времено користење недвижен имот-деловен простор (Кп.бр.8190 КО Охрид 1).
- Предлог-одлука за пренесување на правото на користење на патничко моторно возило-комби со намена за превоз на лица со попреченост.
- Предлог-одлука за техничка исправка во Одлуката за измена на Одлуката за начинот и постапката на регулирање на паркирањето во рамките на градежната парцела со употреба на механизирани паркинг системи.
- Предлог-одлука за определување крајбрежен појас на водотек река Даљан опфатена со измена и дополнување на ГУП за УЗ 4 УБ 4.4 и изработка на ДУП за УЗ 4.4 опфат 1.
- Предлог-одлука за донесување Урбанистички проект со план за парцелација за градежна парцела ГП 7.1.146 формирана во ДУП за УЗ 7 УБ 7.1 – Општина Охрид и во УППП со број на постапка во систем е-урбанизам 61118.
Советниците на Општина Дебрца, пак, како дневен ред го имаат следниот:
- Усвојување на записник од 42-та седница на Советот на општина Дебрца
- Предлог – Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Дебрца за 2025 година
- Предлог – Одлука за усвојување на Извештајот за остварување на Буџетот на општината Дебрца за периодот од 01.01.2024 до 31.12.2024 година
- Предлог – Програма за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести на територијата на општина Дебрца за 2025 година
- Предлог – Одлука за прифаќање на предлогот за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу општините : Новаци, Прилеп, Битола, Крушево, Долнени, Могила, Кривогаштани, Демир Хисар, Ресен, Охрид, Струга, Кичево, Дебар, Пласница, Центар Жупа, Вевчани, Дебрца и Македонски Брод
- Предлог – Решение за именување членови на заедничка комисија за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу општините : Новаци, Прилеп, Битола, Крушево, Долнени, Могила, Кривогаштани, Демир Хисар, Ресен, Охрид, Струга, Кичево, Дебар, пласница, Центар Жупа, Вевчани, Дебрца и Македонски Брод
- Предлог – Одлука за усвојување на Записникот од извршениот попис на побарувањата, обврските и каса за 2024 година
- Предлог – Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Годишната програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на општинските патишта и улици во општина Дебрца за 2024 година
- Предлог – Годишна програма за изработка на Урбанистички планови за Општина Дебрца во 2025 година
- Предлог – Одлука за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за вклопување и усогласување на намената на бесправно изграден објект со намената на земјиштето