СВР Охрид
Кривична пријава за директорот на ЦК „Григор Прличев“
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 48-годишно лице од Охрид, директор на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

– Пријавениот, искористувајќи ја својата службена положба и овластување, без одлука на управниот одбор на установата, без уредна покана и спротивно на уредбата за издатоци за службени патувања, патувал во странство и на тој начин нанел штета на буџетот на установата во износ од 46.520 денари, информираат од МВР.