На 27-ми февруари 2025 година, во 15:20 часот во ОВР Струга, пријавено е дека во текот на претходните две недели со употреба на сила било влезено во црквата „Св. Јован Владимир“ во струшкото село Подгорци, и биле одземени пари.
– Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од СВР Охрид.