Денеска започнуваат Рамазанските пости
За верниците од муслиманска вероисповед денес започнува светиот месец Рамазан.
| инфодеск | Македонија
Од денес муслиманите во целиот свет го започнуваат светиот месец Рамазан. По едномесечниот пост, првиот ден на празникот Рамазан Бајрам е на 30 март. Овој голем муслимански празник се слави три дена. Првиот ден од Рамазан Бајрам е државен празник.
Постењето е верска обврска за секој полнолетен, здрав муслимански верник, но не е обврзувачки за стари и болни лица.