Променливо облачно, претпладне по котлините со магла и ниска облачност. Во текот на денот ќе има врнежи од дожд, наместа пообилни (до 15 л/м²). Во попладневните и ноќтите часови на планините и на некои повисоки места претежно во западните делови врнежите ќе бидат од повремен снег. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец кој ќе се задржи и преку ноќта.
Во текот на ноќта на планините и на некои повисоки места претежно во западните делови врнежите ќе бидат од повремен снег. Долж Повардарието ќе продолжи да засилува северен ветер. Од утре следува период на стабилно време со пониски утрински температури, а дневните до крајот на работната недела ќе бидат во постепен пораст, информираат од УХМР.
Во Охрид температурите ќе бидат во интервал од 4 до 10 степени Целзиусови.