Skip to main content

УХМР

УХМР: Утрото ведро и постудено, преку денот претежно сончево и потопло

Температурите во Охрид ќе бидат во интервал од -2 до 10 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 

Утрото ведро и постудено, преку денот претежно сончево и потопло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Од УХМР информираат дека следува период на претежно сончево и релативно топло време со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст, особено во втората половина од оваа седмица кога наместа ќе надминуваат 20 степени.

Температурите во Охрид ќе бидат во интервал од -2 до 10 степени Целзиусови.