Охрид нема дежурна аптека која опслужува 24 часа
Охрид нема дежурна аптека која опслужува 24 часа. Приватните аптеки, кои имаат склучено договор со Фондот за здравствено осигурување, спроведуваат дежурства, но на повик. После 22 часот за итни лекарства мора да се оди во Брза помош од каде што се јавуваат на дежурната аптека, по распоред ,која впрочем е затворена, но на повик ќе отвори исклучиво за одредени лекарства единствено пропишани од лекар специјалист.
Екипите на Брза помош добиваат ноќни повици со барања од граѓаните, но се опслужуваат само неколку пациенти месечно.
-После 22 часот навечер дежурните аптеки отвораат само со валиден извештај од специјалист или субспецијалист и само за одредени лекарства. Ние ја имаме таа листа на лекарства за кои дежурната аптека отвора. Најчесто добиваме по еден до два три повици за информации за дежурни аптеки, но пациенти со извештај од специјалист за кои аптекарот ќе додје да отвори најчесто само еден до двајца во месецот, вели Михаил Кичов раководител на Итна медицинска служба Охрид.

Охрид како главен туристички центар има потреба од дежурна аптека не само во летниот период кога иома голем број туристи, туку и во зимскиот период. Граѓаните велат потребно е да има една аптека која ќе работи ноќна смена.
– Има потреба имаме стари луге луѓе со мали бебиња, мора да има дежурна аптека во градот ние сме туристички град на лето кога има туристи имаат потреба од помош.
-Како не, во туристички град поготово треба да имаме дежурна аптека 24 часа.
-Да, треба да имаме затоа што имаме голем број на стари луѓе не дај Боже несреќни случаи.
Сопствениците на аптеки во Охрид велат сакаат да воведат дежурства, но се соочуваат со недостиг на квалификуван кадар, кој би работел трета смена.
Новинар Соња Рилковска