
СВР Охрид поднесе кривична пријава против две лица од Охрид, на возраст од 42 и 45 години, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лихварство“.
-Двајцата, во периодот од 2021 до 2024 година, договарале и примале и со присилба изнудувале парични средства од лице од Охрид. На тој начин, пријавените се стекнале со противправна имотна корист од 9.715.000 денари, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.