Skip to main content

Осмомартовска кампања на „Збогум Буково“: „Те сакам, за тебе засадив дрво“

Осмомартовска кампања на иницијатива на Збогум Буково: „Те сакам, за тебе засадив дрво“.
 |  инфодеск  | 

Иницијативата „Збогум Буково“ по повод Денот на жената, 8-ми Март, организира акција за садење 100 дрва во Охрид.

-Оваа сабота, на Денот на жената, ве повикуваме драги Охриѓани да дојдете и засадете дрвце во чест на вашите мајки, сестри, сопруги, другарки, внуки, баби… Да оставиме трајна и благородна трага во име на нивната борба за нашава заедница, велат од „Збогум Буково“.

Локацијата за садење ќе биде кај охридската марина во 12:00 часот.