Skip to main content

Брнабиќ: Ова не е политика, ова е тероризам

Претседателката на српското Собрание Ана Брнабиќ денеска изјави дека граѓаните не треба да бидат загрижени за вчерашните настани во парламентот и нагласи дека во Србија ќе се зачуваат мирот и стабилноста, и дека нема да се дозволи блокада на институциите.
 |  инфодеск  | 

Претседателката на српското Собрание Ана Брнабиќ денеска изјави дека граѓаните не треба да бидат загрижени за вчерашните настани во парламентот и нагласи дека во Србија ќе се зачуваат мирот и стабилноста, и дека нема да се дозволи блокада на институциите.

„Кога некој ќе фрли солзавец или шок-граната врз пратеник, што го направи Милош Јовановиќ, кој си го покрива лицето и ѝ го испрска лицето на сопругата Јасмина Каранац, тоа не го направи само на неа, туку на илјадници граѓани кои гласаа за таа личност.“, рече Брнабиќ за РТС.

Според неа, се што се случило вчера во српското Собрание не било политика, туку тероризам.

На прашањето како се внесува пиротехниката во Собранието, таа објасни дека „опозицијата внесе пластична, модерна пиротехника“, на што „безбедносните врати не реагираат“.

„Кога си пратеник, обезбедувањето те почитува и нема претреси на тој начин“, рече таа.

Таа потенцираше и дека повредените пратеници се во подобра здравствена состојба.

„Јасмина Обрадовиќ е во тешка состојба, претседателот Вучиќ повторно ја посети синоќа, по 23 часот. Лекарите рекоа дека може да дадат прогноза штом ќе заврши ноќта. Соња Илиќ е подобра, стабилна, бебето е добро. Малиот Гаврило ќе остане симбол на победата над сите обиди за обоени револуции во Србија. Јасмина Каранч имаше полесни повреди, добро е, сите се однесуваа херојски. Им благодарам на овие пратеници кои дојдоа на помош“, изјави Брнабиќ.

Српскиот претседател Александар Вучиќ им се заблагодари на пратениците, на дел од министрите и на претседателката на Народното собрание Ана Брнабиќ за, како што рече, чесното и храбро однесување за време на седницата. Тој додаде дека пратениците од опозицијата со измама донеле димни бомби направени од картон и пластика во парламентот, истакнувајќи дека ги шверцувале во долна облека.

Според него, протестот на опозицијата кулминираше затоа што забележуваат пад на поддршката за протестите и гледаат дека луѓето не сакаат насилство и се нервозни поради тоа.