Skip to main content

Нема застареност на делото за аудито на Мерко

Судот пресече, нема застареност на делото, ќе продолжи судскиот процес против градоначалникот Мерко  за набавката  на луксузниот автомобил. По промената на судијата денес одново запона главната расправа.
 |  инфодеск  | 

По промената на судијата, одново започна главната расправа против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, за набавката на луксузниот автомобил „ауди А6″  Судот пресече судскиот процес ќе продолжи, не го прифати предлогот на одбраната за релативна застареност на делото,  бидејќи настанал прекин на рокот на застарување. Апсолутната застареност на делото ќе има  во 2028 година

„Со оглрд дека претходно беше донесено решение од колешката што го водеше предметот дека не се прифаќа приговорот, бидејќи расправата почнува одново јас повторно ја донесов истата одлука бидејќи сметам дека има прекин на рокот на застареност. Од тие причини ја отворивме расправата и започнавме со изведување на доказите”, изјави судијата Јордан Јованов.

Во својство на сведок, беше сослушана  Наде Бојаџиевска од Државен завод за ревизија, која според одбраната потврди  дека во направената ревизија на Општината за  2018 година нема незаконитост во постапката на набавката на возилата.

„Содржината на доказите не смее да се коментира додека не заврши предметот, меѓутоа кога се ке биде завршено и доказите ќе бидат изведени ке дојде редот да биде донесена пресуда јас ке дадам и образловажине и ке се осврнам на сите факти кои биле одлучувачки за мојата пресуда.“ – додава Јованов.

Основното јавно обвинителство  за гонење на организиран криминал  го гони струшкиот градоначалник за злоупотреба на службената положба, бидејќи  спротивно на начелата на законитост,  кога општината имала неподмирени долгови и блокирана жиро-сметка, набавил четири моторни возила во вкупна вредност од околу 114.000 евра со што го оштетил буџетот.  Судскиот процес за поставувањето на спомен плочата, кој  требаше да се одржи денеска беше одложен поради здравствени причини на обвинителот .

Новинар Соња Рилковска