Охридските хотели за Велигден празни
Во градов престојуваат гости кои претежно имаат свои станови. „Ако денот се познава по утрото, а сезoната по овој прв наплив на гости, тогаш не треба многу да се надеваме за годинешната туристичка сезона“, велат тустичките работници.
Охрид

Охридските хотели за Велигден полупразни. Слична е ситуацијата и со приватните сместувачки капацитети. Хотелиерите тврдат дека најголем дел од аранжманите за Велигденските празници се откажани. Некои од нив ги намалија и цените на сопствените аранжмани, но велат дека сè е попусто.
„Во однос на минатата година, цените ги намаливме за 40% можеби и повеќе. Тие цени ќе останат исти и за туристичкава сезона. Ако е ваква и сезоната, ќе биде многу тешко за нас – изјавуваат од хотелот Климетица.
Во Охрид може да се забележат и неколку автобуси со гости од Грција кои како што ни рекоа, ќе бидат тука за Велигден. Слична е ситуацијата во Струга. Тамошните хотелиери велат дека нивните гости се од Косово, Албанија и Грција.
Инаку гостите во Охрид деновиве претежно се оние кои имаат сопствени станови во нашиов град. Интересно е дека голем дел од сопствениците на викенд станови во Охрид побарале да им се приклучи струјата која им била исклучена поради неплаќање.
{loadposition content9}