Утрото ведро и постудено, преку денот сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.
Во Охрид минималните температури од 2, а максималните до 17 степени Целзиусови.
Од УХМР информираат дека продолжува периодот на релативно топло време за овој период од годината. До вторник ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Во вторник кон крајот на денот и во среда ќе има локални врнежи од дожд и ќе дува засилен јужен ветер.