Skip to main content

Поради дефект прекин во водоснабдувањето на „Крали Марко“ и „Абас Емин“

 Eкипи на ЈП Водовод Охрид се на терен до целосно завршување со санацијата
 |  инфодеск  | 
Водовод Охрид

Поради настанат дефект на водоводната мрежа, денес од 08:00 часот, повеќе часа без вода ќе бидат корисниците на улиците: „Крали Марко“, „Абас Емин“ вклучувајќи ги и споредните улици на улицата „Абас Емин“, информираат од ЈП Водовод Охрид.

 Eкипи на претпријатието се на терен до целосно завршување со санацијата.