Skip to main content

Глувите со полесен пристап до информации

Три генерации од охридското семејството Велиу се глуви. Ведрите членови на семејството секој ден во 20 часот се пред  малиот екран – го следат специјалниот дневник на ТВМ прилагоден за глуви и наглуви  лица. Тие не го кријат  задоволството што сега им се достапни сите информации и случувања во градот.

 |  Валентина Неловска  | 
VeliuТри генерации од охридското семејството Велиу се глуви. Ведрите членови на семејството секој ден во 20 часот се пред  малиот екран – го следат специјалниот дневник на ТВМ прилагоден за глуви и наглуви  лица. Тие не го кријат  задоволството што сега им се достапни сите информации и случувања во градот.
Шкендие Ељмази Велиу вели сакаме да  гледаме телевизија со превод, не интересира. За глувите има многу малку превод за да разберат што се случува. Добро е сега што можеме да разбереме што се случува. И моите деца ги следат вестите и  ги разбираат информациите. Порано беше потешко не можев да разберам што се случува, сега е полесно со преводот. Сакам да ги следам и во иднина, вестите да не престанат, тие се мошне важни за нас глувите и за нашите деца. Глувите не би сакале да им  се случи  повторно да бидат изолирани од настаните дома и во светот.
Глувите и наглувите лица Дневникот на ТВМ  специјално наменет за нив го следат заедно и во нивниот Клуб. Секој четврток тие имаат можност да ги коментираат настаните и случувањата вели Сузана Стевоска, претседателка на Здружението за глуви и наглуви лица.  Стевоска  исто така се надева дека специјализираниот дневник на ТВМ наменет за нив ќе продолжи и понатака. Таа ги поканува сите лица да дојдат во нивниот клуб за да се дружат и да не бидат осамени.
Има мајки и татковци кои ги кријат своите деца, па ги покануваме да ги донесат во Клубот и да се дружат со останатите глуви лица апелира Стевоска.
Клубот на глуви е реновиран пред три години со донација на Владо и Катерина Велјаноски. Претставува пријатен, современ простор  каде што има и детско катче. Уреден е со компјутер, телевизор и двд плеер каде што глувите лица може да поминат пријатни часови во заедничка дружба.
{loadposition content9}