ТППЕ Охрид – Пожарна, со своите екипи го гаснеше шумскиот пожар кај селата Оздолени-Сошани, во Општина Дебрца.

Пожарникарите бараат под итно да се пронајдат сторителите на овие намерни потпалувања, и согласно законот да се санкционираат .
-Вие како несовесни и неодговорни жители, треба да имате предвид дека со самите пожари кој ги предизвикувате ги намалувате капацитетите на Тппе Охрид , со оглед на тоа што пожарникарите се активни и гаснат пожари во урбана средина и извлекуваат и ваши членови од фамилијата од опожарени живеалишта и од сообраќајни незгоди, пишуваат од ТППЕ Охрид.
Тппе Охрид преку објава на социјалните медиуми со реакциаја до надлежните, Министерство за одбрана, Независен синдикат на пожарникарите на Македонија и Дирекција за заштита и спасување, до каде се долго најавуваните измени на Законот за пожарникарство и прашува зарем уште треба оваа високо ризична професија да ја работат 60 годишни пожарникари.
