Skip to main content

Туристичките водичи да се регистрираат до крајот на неделава во регистарот на општината каде живеат

Туристичките водичи треба да се регистрираат во регистарот кој го води градоначалникот.
 |  инфодеск  | 

Според член 3 став 2 од Законот за туристичка дејност на Република С. Македонија сите физички лица кои вршат туристичка дејност, а во случајов, туристички водичи и туристички придружници, имаат законска обврска да се регистрираат во регистарот кој го води градоначалникот на општината во која се водат според адреса на живеење.

Туристичките водичи и туристичките придружници треба да се регистрираат (доколку не го сториле тоа претходно) и да ја ажурираат својата регистрација доколку во меѓувреме ги обновиле своите легитимации или имаат промени од предходната регистрација, а рокот за регистрирање и ажурирање е до 15.03.2025 година, а истото може да се извршат секој работен ден во Сектор за ТЛЕР одделение за Туризам при општина Охрид.