Skip to main content

Ј.П. ,,Охридски Комуналец” – Охрид

Од сабота започнува подигнувањето на селектираниот отпад

Почнувајќи од 15.03.2025 год. (сабота), а потоа секоја наредна сабота во месецот, Ј.П.„Охридски Комуналец” ќе врши подигнување на селектиран отпад (хартија и картон, пластика).
 |  инфодеск  | 

Почнувајќи од 15.03.2025 год. (сабота), а потоа секоја наредна сабота во месецот, Ј.П.„Охридски Комуналец” ќе врши подигнување на селектиран отпад (хартија и картон, пластика) од улиците: „Будва”, „Винковачка”, „Прилепска”, „Железничка”, „Крали Марко” и „8-ми Март”, улици на кои, претходно на граѓаните им беа доделени жолти садови за селектирање пластика и сини садови за селектирање хартија и пластика, информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.

-Се молат граѓаните од наведените улици да ја почитуваат динамиката за подигнување на селектиран отпад, така ќе придонесат во зачувување на животната средина, велат од претпријатието.