Skip to main content

општина дебрца

Наредниот месец епска вело авантура на Славеј Планина

Општина Дебрца во соработка со Rupicapra MTB Adventure team започна со подготовка за одржување на Вело настан на падините на Славеј Планина.
 |  инфодеск  | 

Општина Дебрца во соработка со Rupicapra MTB Adventure team започна со подготовка за одржување на Вело настан на падините на Славеј Планина на 13-Април 2025 година со почеток во 10:00 часот, а со старт во селото Лактиње.

-Сите љубители на велосипедизмот и планините ќе имаат можност да ја разгледаат убавината на Славеј Планина и селата во нејзините падини, велат од Општина Дебрца.

Настанот Славеј Планина МТБ тура 2025 е без котизација, а за учесниците обезбедени се бесплатни освежителни пунктови, вода, сок, енергетски барови, благо, овошје, магнезиум, ручек…

Заинтересираните велосипедисти може да се пријават на линкот, а повеќе информации за патеката може да се видат овде.