Грчките попови и на Велигден тераат политика
Солунскиот епископ Антим, дури и велигденските празници ги користи да го подгрева грчкиот антимакедонизам.
На службата во Солун во, ноќта спроти Велигден, епископот ги убедуваше верниците дека Македонци не постојат.
Епископ Антим, наместо да испрати Велигденска христијанска порака за мир и разбирање, се произнесе со политички говор во кој побарал од верниците да ја поддржат грчката црвена линија во спорот околу името на Македонија.
Грчкиот поп, беше на истите ставови со заменик – министерот за надворешни работи на Грција, Димитрис Друцас кој, исто така, не се воздржа и за Велигден да испрати порака до македонското државно раководство, дека името Северна Македонија влегува во пакетот, кој Атина сака како промовира како решение за спорот за името.
{loadposition content9}