Интерното одделение доби донација – апарат за мерење на масното ткиво
На одделението за внатрешни заболувања со пнеумофтизиологија при ЈЗУ Општа Болница Охрид беше дониран апарат Body composition analyzer Inbody 270, кој се користи во Центрите за обезност во нашата држава и е наменет за мерење, анализа и следење на процентот и видот на масното ткиво, процентот на мускулна маса и количината на вода, пред се кај пациенти со обезност.
Апаратот исто така дава прецизни податоци за телесната тежина, индексот на телесна маса, прави проценка на здравствените ризици и овозможува нивно следење во одредени временски интервали.
-Со ова се овозможува Центарот за дијабет воедно да функционира и како Центар за обезност при што овој апарат значајно ќе придонесе за квалитетот на третманот на пациентите., се вели во соопштението на ЈЗУ Општа болница Охрид.


